Што се случува ако фрлим слон од небоскреб? Живот и големина 1 | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Ќе го почнеме видеото со фрлање на глушец, куче и слон од облакодер

на нешто меко, на пример куп душеци.

Глушецот паѓа и е замелушен на кратко, а потоа се соземува и си оди изнервиран,

затоа што тоа е многу безобирна работа.

Кучето си ги крши сите коски и умира неспектакуларно,

а слонот експлодира во црвен вир коски и органи и нема ни можност да се изнервира.

Зошто преживува глушецот, а не и слонот и кучето?

Одговорот е големината. [Големина]

Големината е најзанемарениот регулатор на живиот свет.

Големината определува се за нашата биологија:

како сме изградени, како го доживуваме светот, како живееме и умираме.

Тоа е така бидејќи законите на физиката се различни за животни со различни големини.

Животот постои во седум реда на големина,

од невидливи бактерии до молци, мравки, глувци, кучиња, луѓе, слонови и сини китови.

Секоја големина живее во свој сопствен универзум, до другите големини.

Секоја си има свои правила, предности и недостатоци.

Ќе ги истражиме овие разни светови во серија на видеа.

Ајде да се вратиме на првобитното прашање. Зошто глушецот го преживеа падот?

Затоа што големината менува се.

Принцип кој ќе со сретнуваме постојано.

Многу малите нешта, на пример, се тукуречи имуни на паѓање од големи височини,

бидејќи колку си помал, толку помалку ти е гајле за гравитација.

Замилси теоретско сферично животно со големина на џамлија.

Има три карактеристики: должина, површина која е покриена со кожа,

и волумен, или се што е во него, како органи, мускули, желби и соништа.

Ако ја зголемиме должината за десет пати, и го направиме големо колку баскет топка,

остатокот од карактеристиките не растат само десет пати.

Кожата ќе се зголеми за 100 пати, а внатрешноста, или волуменот, за 1.000 пати.

Волуменот ја одредува тежината, или поточно масата на животното.

Колку поголема маса има, толку повисока е кинетичката енергија пред судирот со земјата,

и посилен е ударот.

Колку повеќе површина имаш во споредба со масата

толку повеќе ќе се подели и ублажи ударот,

и повеќе ќе те забави отпорот на воздухот.

Слонот е толку голем што има екстремно малку површина во споредба со волумен,

па така голема кинетичка енергија се расподелува на мал простор,

и воздохот воопшто не го забавува.

Затоа тој е потполно уништен во импресивна грозна експлозија која паѓа на земјата.

Другата екстрема се инсектите, кои имаат огромна површина во споредба со малата маса,

па може буквално да фрлиш мравка од авион и таа нема да биде повредена.

Но иако паѓањето е нерелевантно во малиот свет

има други сили кои се безопасни за нас, но екстремно страшни за малите суштества.

Како површински напон, кој ја претвора водата во смртоносна субстанца за инсектите.

Како се случува тоа?

Водата се лепи за сама себе;

нејзините молекули се привлекуваат меѓусебно со сила наречена кохезија,

што создава напор на површината кој може да го замислиш како невидлива кожа.

За нас таа кожа е толку слаба што вообичаено не ја ни забележуваме.

Ако се намокриш, околу 800 гр вода, или 1% од твојата тежина, останува на тебе.

Мокар глушец има околу три грама вода залепени за него,

што е повеќе од 10% од неговата тежина.

Замисли да имаш осум шишиња полни вода залепени за тебе кога излегуваш од под туш.

А за инсектите површинскиот напон е толку јак што да се намократ е прашање на живот или смрт.

Ако се смалиш колку мравка и допреш вода, ќе биде како да чепкаш лепак.

Брзо ќе те голтне, со површински напон преголем за да го надвласаш, и ќе се удавиш.

Затоа инсектите еволуирале за да бидат водоотпорни.

Прво, нивниот егзоскелет е покриен со восок, како автомобил.

Ова ја прави нивната површина барем малку водоотпорна,

бидејќи восокот не се лепи за водата.

Многу инсекти се покриени и со мали влакна кои служат како препрека.

Тие значително ја зголемуваат површината, ги спречуваат капките да го допираат егзоскелетот,

и го олеснуваат одлепувањето на капките.

За да го користи површинскиот напон, еволуцијата користела нанотехнологија

милијарди години пред нас.

Некои инсекти еволуирале со површина покриена со слок кратки и многу густи водоотпорни влакна.

Некои имаат повеќе од милион влакна по милиметар квадратен.

Кога инсектот нурка под вода, воздухот останува помеѓу влакната

формирајќи воздушка прекривка.

Водата не може да влезе бидејќи влакната се премали за го пробијат површинскиот напон.

Но станува уште подобро.

Како што снемува кислород во меурчето, нов кислород влегува во него од водата наоколу,

додека јаглеродниот диоксид се пренесува во околната вода.

Значи инсектот си носи свои надворешни бели дробови,

и може да дише под вода благодарение на површинскиот напон.

По истиот принцип газиводите одат на вода: минијатурни водоотпорни влакна.

Како што стануваш помал, така околината станува се почудна.

Во еден момент дури и воздухот станува поцврст.

Ајде да зумираме накај најмалиот откриен инсект, голем колку пола зрно сол,

само 0,15 мм долг:

оса самовила.

Тие живеат во уште почуден свет од другите инсекти.

За нив самиот воздух е како ретко желе,

супстанца како мед која ги опкружува во секој момент.

Движењето низ него не е лесно.

На ова ниво, летањето не е елегантно лизгање:

тие мораат да го зграпчат воздухот.

Затоа нивните крила изгледаат како големи влакнести раце, а не како крилца на инсекти.

Тие всушност пливаат низ воздухот, како мал грозен вонземјанец низ мед.

Од тука натаму работите стануваат се почудни кога ги истражуваме универзумите на разни големини.

Правилата на физиката се толку различни за различните големини,

што еволуцијата морала да дизајнира околу нив многу пати

како што животот се развивал во последните милијарда години.

Па, зошто нема мравки со големина на коњ?

Зошто нема слонови големи колку амеба?

Зошто?

Ќе разговараме за тоа во наредниот дел.

Сега имаме месечни вести за новости.

Претплати се ако не сакаш да испушташ ниедно видео, а и за бонус видеа.