Најстрашните паразити - занемарени тропски болести - ЗТБ. | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Во годината 1014 византискиот император Василиј II ја порази бугарската војска и пороби 15 000 затвореници

Тој можеше да ги убие, но имаше различна идеја

Тој сакаше да ги ослабне неговите противници дури и за наредните децении

Така, тој нареди сите 99 од 100 затвореници да бидат ослепени

А на стотиот да му е оставено само едно око зада ги води другите кон дома

Со тоа нивните заедници ќе требало да се грижат за нив се додека не умрат

Денеска кон луѓето се насочува еден сличен напад од страна на лига на злосторници под име на “ЗТБа”

Еден од седум луѓе во светот страда од една или повеќе ЗТБа

Повеќе од целата популација на Европа

Тие создаваат незасмислива штета

Со осакатувањето на толку многу луѓе тие уништуваат милијарди долари од приход секоја година

Ослабнуваат заедници и успоруваат напредок

Што се овие чудовишта што излегле право од хорор филм кои сакаат да го опустошат човековиот вид?

ЗТБа (Занемарени тропски болести) се предизвикани од многу различни паразити како црви, амеби, бактерии или вируси

Симптомите кои ги предизвикуваат се исто толку разновидни и стварно страшни

Некои од нив како анкилостомата се натпреваруваат со мозоците на бебињата за нутриција, кочејќи го растот и интелегенцијата

Некој ЗТБа предизвикуваат слепило како резултат од ужасни очни инфекции

А други пак можат да парализираат пациенти со месеци и да оштетат на внатрешните органи

Со помош на тоа намалувајќи го животниот век

А други пак создаваат ужасни козметички ефекти, водејќи кон социјална стигма, живот полн со срам и невработување.

Има други кои се ужасно измачувачки , водејќи кон постојано чешање или ужасна болка

Всушност, ајде да ве запознеме со една од нив: Dracun Cylasis

Ако пиете вода инфектирана од ЗТБ нема да осетите нешто за цела година

Се додека не приметите меур на ногата

Тогаш црвот излегува од кожата зада испушти ларва

Единствениот начин да го отстраните е да го извлечете од ногата рачно

Центиметар по центиметар, со неколку недели, бидејќи Dracun Cylasis е сега долг дури и до еден метар

Сите можеме да се согласиме дека треба да ги уништиме таквите паразити

Затоа и објавивме војна кон нив, и се изјаснивме дека ќе ги уништиме до 2020, и всушност и се обидовме со сите наши способности

Во 1985 имаше 3 500 000 случаи на Dracun Cylasis околу светот

А во 2015 останаа само 22

Ние ги уништивме 99.999% од овие мали чудовишта

Тој ќе биде првиот паразит кој тотално ќе биде уништен од наша страна, и тоа многу наскоро

Така, дури и ако не се на првата страна од весникот како што беше еболата

Всушност, неверојатни нешта се случија кога станува збор за ЗТБа

Сите ЗТБа имаат едно заедничко нешто:

Тие обично ги напаѓаат луѓето кои живеат во најизолираните места и кои немаат начин да се одбранат

Има села кои се наоѓаат до 500км раздалеченост од најблиската здраствена институција, без патишта никаде

Па дури и ако имаме лек за нив, што значи тоа ако треба да одиме на одисеја само зада стигне до заболените?

Поради ова започнавме подиректен напад

За целосно да ги уништиме ЗТБа-та, беше лансиран еден од најголемите медицински проекти во човечката историја, неспоредлив во својот размер

Организации од сите области моментално работат заедно зада ги уништат 10 од обие ЗТБа засекогаш

Иронично, секое ЗТБ всушност може да се спречи или излечи

Но повеќето од нив само може да се контролираат со давање на лекарство на секој човек што се наоѓа во зона на повисок ризик

Тоа значи дека се потребни огромен број на дози на лекови, обично за неколку ЗТБа истовремено со тек на повеќе години

Во држави каде што не постои инфраструктура

Владите и здраствените организации едноставно не можат тоа да го спроведат самите

Овде, човештвото доби можност да покаже што може да се постигне со индустријално производство на лекови

Фармацевската индустрија вети дека бесплатно ќе ги обезбеди сите потребни лекови се додека тие 10 болести не се комплетно уништени

До годината 2020, скоро 18 милијарди долари вредност во лекови ќе бидат дистрибуирани, најголемата донација на лекови во истроијата

Тие исто така помогнаа за лековите да отидат кон луѓето на кои стварно им се потребни

Само во 2015 година, овие третмани стигнаа до 850 милиони луѓе, повеќе од популациите на САД и на ЕУ заедно

Лошите нешта лесно доаѓаат до предните страници на вестите, а стотици милиони луѓе кои надминале смртоносни болести преку кооперација - не баш

Приказни како овие не се доволно раскажани, добрите нешта се случуваат цело време

Движејќи го човештвото до иднина без страдање

Така, ако на тебе или на некои од вашите пријатели им се потребни добри вести, сподели го ова видео со нив!

Ние, како вид, всушност можеме да направиме неверојатни работи со единствена мотивација да помогнеме едни на други

Добро е да се сетиме на тоа од време на време

Ова видео делумво беше овозможено со донација од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и вашата поддршка на Patreon.com

Ако сакаде да ни помогнете во правењето на повеќе видеа, тоа можете да го направите овде

Ако сте разочарани од фактот дека немаше вознемирувачки факти во ова видео, еве ви прејлиста за крајот на све!