Зошто убавите работи нè прават среќни - Објаснување на убавината | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Многу работи можат да бидат убави.

Пејзажи, лица, уметност, стара архитектура, ѕвезди на небото.

Или едноставно сончевиот одраз врз празно шише.

Убавината не е нешто конкретно, туку постои само во нашите умови како убаво чувство.

Ако мора да ја дефинираме, нештата ни изгледаат убави ако

нивната боја, форма или пропорции некако ни се привлечни или прават да уживаме.

Убавината е човечко искуство кое е со нас веќе милиони години.

Дури и нашите први алати биле направени со симетрични форми.

Научниците пробале да најдат практични причини поради кои

нашите предци би трошеле време на правење убави алати, но не нашле ниту една.

Изгледа како првите луѓе да ги правеле нивните алати во форма на капки

само затоа што така им се бендисувале.

Во текот на историјата, дефиницијата за убавина многу се променила.

Идеалите се поместиле или станале сосема спротивни.

Но некои нешта се над личниот и актуелен вкус и никогаш не излегуваат од мода.

Златниот однос, симетријата или фракталните форми можат да се најдат во уметноста и архитектурата

на културите од почетокот на човештвото па сè до денес.

На некој мистериозен, вроден начин луѓето се согласуваат за убавината на некои работи.

Сите форми кои се постојано присутни потекнуваат од природата.

Тие станале дел од нашата биологија затоа што им помогнале на нашите предци да преживеат.

[Зошто убавината нè прави среќни]

Фракталите, на пример, се присутни насекаде во природата.

Во оклопите на полжавите, цветовите, брановите и облаците.

Точното препознавање и проценка на овие форми било од животна важност.

Дали тие облаци значат дека доаѓа дожд?

Дали е безбедно да се плива во водава?

Може ли да го јадам ова?

Друга честа работа е симетрија.

Во природата, таа значи дека сè си е на место.

Дршките и дрвјата и лисјата и цветовите, сите тие растат симетрично.

Елен со импресивни рогови најверојатно е извор на хранливо месо.

Деформираното стебленце жито може да не е безбедно за јадење.

Симетрично лице е поверојатно да припаѓа на здрав и плоден партнер за размножување.

Бидејќи симетријата е толку честа во фауната и флората

таа му е многу позната на нашиот мозок.

Таа им помогнала на нашите предци полесно да ја проценат околината

и брзо да реагираат на опасностите.

Нештата кои ни помагаат да преживееме ги активираат центрите за награда во мозокот.

Препознавањето на знаци на здравје и храна предизвикува убави чувства во нас.

Значи нашето чувство за убавина најверојатно еволуирало од препознавањето на шеми.

Но сега е многу попродлабочено од тоа.

Луѓето еволуирале со инстинкт за убавина кој е длабоко всаден во нас.

Тој останува дури и откако други процеси во мозокот престануваат да функционираат.

Пациенти со Алцхајмерова болест биле прашани да подредат по убавина неколку слики.

Потоа експериментот бил повторен по две недели.

Пациентите веќе одамна ги имале заборавено сликите, но сепак ги подредиле по убавина по истиот редослед.

Може и да мислиме дека ова не значи ништо: па што ако луѓето си стојат на нивните лични вкусови?

Но други истражувања покажале дека имаме најмал заеднички делител кога се работи за убавина.

Во друг експеримент луѓето требало да разликуваат вистински од лажни апстрактни слики.

Некои биле оригинали од Мондриан и Полок

насликани според правила, како на пример фрактали, за разлика од имитациите.

Мнозинството ги одбрало оригиналните дела.

Ова било така со слики од двата уметници, иако имаат многу различни стилови.

Друг експеримент исто така користел апстрактни слики, но барал луѓето да ги споредат

со слични дела насликани од деца или животни.

Учесниците повторни ги одбрале оригиналните слики чиј изглед бил внимателно одмран, а не случаен.

Значи иако ни е тешко да дефинираме што е убавина и на што е заснована,

некако ја препознаваме кога ќе ја видиме.

[Зошто е убавината важна]

Луѓето веќе не се снаоѓаат во природата обидувајќи се да преживеат ден за ден.

Го напуштивме светот на природата и создадовме свој свет.

Ги створивме нештата кои нè опкружуваат, кои ги носиме, користиме и гледаме.

Како што се раширивме низ планетата и се намноживме, создадовме комплетно вештачка околина.

Притоа често ја запоставивме убавината, претпочитајќи функционалност, штедење и ефикасност.

Изградивме редови и редови бетонски згради во кои никој не сака да живее.

Имаме грди метро станици, излитени општини и огромни трговски центри.

Бледи и стандардизирани кутии едни до други.

Луѓето не сакаат монотонија.

Софтвер за следење поглед покажува дека луѓето се фокусираат на детали и орнаменти во архитектурата,

а само накратко ги погледнуваат празните ѕидови.

И не само што не се интересни за гледање, туку и навистина нè прават несреќни.

Експерименти со сензори на кожата покажуваат дека гледањето на широки, еднолични фасади

прави да ни е досадно и непријатно.

Овој вид на досада е поврзан со високи срцев пулс и ниво на стрес.

А изгледа дека важи и обратното.

Во текот на последните децении сè повеќе студии покажаа дека околина која ни е естетски пријатна

може да ја подобри нашата благосостојба, однесување, когнитивни функции и расположение.

Нашите тела и мозоци видливо и мерливо реагираат на сè што не опкружува.

Убавината особено има така силно влијание на нашата благосостојба што

кога корисните нешта се поубави, тие се всушност подобри.

Во 2017та во истражување во болница беа испитани факторите кои влијаат на оздравувањето

преку набљудувања и интервјуа со пациентите,

и се покажа дека визуелна уметност во чекалните ги прави да се чувствуваат покомотно и посреќно

во врска со нивниот престој во болница.

Друга студија изучуваше како пациентите се опоравуваат во болница со два оддели:

еден стар и прилично грд, и еден свежо реновиран оддел.

Изненадувачки за истражувачите, пациентите кои престојувале во новата, реновирана околина

имале потреба од помалку аналгетици и биле отпуштени во просек два дена порано отколку

пациентите кои се опоравувале во стариот оддел.

Поубавата околина направила да се чувствуваат физички подобро.

Убавината има влијание врз нас на дневна база.

Таа може да го зголеми нашето генерално ниво на среќа.

Едно истражување кое ги изучувало главните фактори кои влијаат на среќата на возрасните

покажа неочекувани резултати.

Покрај работи како добро здравје и хармонија во семејниот живот,

личната среќа зависи и од тоа колку ти е убав градот во кој живееш.

Убавината е и поважна од чистота или безбедност.

Значи што можеме да научиме од сето ова?

Знаеме дека ние, луѓето, сме еволуирале милиони години за да процесираме визуелни сигнали и

да ја проценуваме нашата околина.

Едноставно програмирани сме за тоа, и сега почнуваме да сфаќаме повеќе за тоа

колку многу убавината навистина влијае врз нас.

Убавината задоволува една основна потреба за значајни информации.

Можеби вреди да ѝ дадеме повеќе простор во овој вештачки свет кој го создадовме.

Ова видео беше соработка со креативната агенција Sagmeister & Walsh

како дел од нивната наредна изложба за уметност.

Изложбата ќе биде прикажана во МАК Виена од 23ти октомври 2018та до 31ви март 2019та,

и во МАК Франкфурт од 1ви мај до 30ти септември 2019та.

Ако сакаш да научиш повеќе за влијанието на уметноста и да видиш многу различни инсталации и мултимедијални дела,

оди и погледни ги.