Зошто месото е најдобрата најлоша работа на светот 🍔 | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Луѓето обожаваат месо.

Кременадлите, прженото пилешко, сланина, свинското месо и колбасите

се најубавите нешта.

Јадењето месо станало толку небитно што многу луѓе не сметаат дека нешто не би било

прав оброк ако не е вмешано некое животно.

Тоа е делува зачудувачки подади фактот што

пред неколку децении месото се сметаше за луксузен производ.

Денес може да се земе чизбургер за само еден долар.

Парадоксално, месото е речиси најнеефикасниот начин

да се нахранат луѓе.

На глобално ниво, нашата месојадна диета

буквално ја јаде земјата.

Зашто така и како да го решиме тоа без да се откажеме од кременадли?

Луѓето чуваат многу животни за храна,

сега околу 23 милијарди кокошки,

1 и пол милијарди говеда

и отприлика една милијарда свињи и овци.

Тоа се многу усти за ранење, па затоа

земјата ја претворивме во огромно место за ранење.

Осумдесет и три отсто од нивите на светот се користат да се нахрани вкупниот добиток.

На пример, како пасишта или ниви за одгледување растенија за крма,

како пченка или соја.

Тоа зазема 26% од вкупната копнена површина на земјата

Ако ја земеме и водата во предвид,

производството на месо и млечни производи заземаат 27% од потрошувачката

на вкупната слатка вода во светот.

За жал, производството на месо е како црна дупка

за ресурси.

Поради тоа што животните се живи суштества,

поголемиот дел од нивната храна се користи да се одржуваат живи додека им растат

нивните вкусни делчиња.

Само мал дел од хранливите материи од растенијата за крма

остануваат во самото месо што на крај го купуваме.

Кравите, на пример, ги претвараат само околу 4% од протеините

и 3% од калориите со коишто ги храниме во говедско месо.

Повеќе од 97% од калориите ние ги губиме во процесот.

За да се произведе еден килограм кременадла,

кравата треба да изеде 25 килограми зрно

и може да испие до 15 илјади литри вода.

Животинските производи трошат многу храна,

но сочинуваат само 18% од целокупната исхрана на човекот.

Според проценки,

би можеле да нахраниме дополнителнни 3.5 милијарди луѓе

ако ние самите ја јадеме храната што ја јадат животните.

Нешто што го прави нашиот најомилен вид храна понеодржлив

е тоа што околу 15% од сите емисии на стакленички гасови предизвикани од луѓе

се испуштаат од индустриите за месо.

Исто колку сите бродови, авиони, камиони и возила

заедно.

Исто така постои уште еден аспект за месото.

Тоа произлегува, вусшност, од живи суштества.

Свињите, говедата и живината не ги пишуваат книгите по историја,

ама ако би ги пишувале, луѓето ќе се појавиле како крволочни геноцидни лудаци што зависат од туѓо страдање.

Во светски рамки, убиваме околу 200 милиони животни секој ден

А околу 74 милијарди годишно

Ова значи дека секоја една и пол година убиваме повеќе животни

отколку што живееле луѓе во цела 200 илјади годишна човечка историја.

Може да се заземе став дека има правиме услуга.

Покрај сè, не би постоеле без нас.

Иако ги јадеме на крај, им даваме храна, ги засолнуваме

и им овозможуваме суштествување.

Но, за жал, ние не сме многу милосрдни богови.

Многу месо ни доаѓаат од индустриски фарми -

огромни индустриски системи што чуваат илјадници животни.

Осмислени да се што e можно поефикасни,

тие не водат многу сметка за квалитетот на животот.

Повеќето свињи се одгледуваат во големи засолништа

без прозори и никогаш немаат прилика да го видат сонцето.

Мајките ги чуваат во премали бачила каде што не можат да се вртат,

каде што постојано раѓаат свињи,

додека не им дојде ред да се претворат во сланина.

Кравите за млеко се принудени постојано да се размножуваат

за да се осигура нивното производство на млеко,

но се одделени од телињата по неколку часа од нивното раѓање.

За да се здебелат јунињата пред колење

се ставаат во тесни ограничени бачила каде што не можат да шетаат

и побрзо стекнуваат тежина.

За да се овозможи да се чуваат толку стеснато без да изумрат од болести,

мноштвото антибиотици што ги користиме се користат за добитокот.

Скоро 80% во САД,

што помага привремено, но исто така развива антибиотска отпорност кај бактериите.

Но убедливо најлошо им е на кокошките.

Се чуваат толку многу во толку мал простор во живинарските фабрики,

толку стеснато една до друга,

што не можат да ги изградат природните хиеархии што ги имаат во природа.

Па затоа тие се напаѓаат меѓу себе.

За да се спречи тоа, им се отсекуваат клуновите и канџите.

Мажјаците се сметаат за безвредни

бидејќи не можат да несат јајца и не се соодветни за производство на месо.

Затоа, после минути неколку минути од раѓањето, обично се трујат и се сомелуваат.

Неколку стотини милиони вака се убиваат секоја година.

Дури и ако сакаш лично да им се одмаздиш за нешто на кокошките,

како ги третираме е над нечовечното.

Па затоа подобро да се купува органско месо,

каде што животните убаво се третираат, така?

Регулациите за органските фарми се осмислени да задоволат минимални услови

за удобноста на животните.

Проблемот е што „органски“ е флексибилен збор.

Според регулациите на ЕУ, органската кокошка

сепак може да дели еден метар квадратен со пет други.

Тоа е далеку од среќни кокошки на фарма.

Фармери што искрено си работат се разбира дека постојат,

но месото е сепак бизнис.

Органската амбалажа е начин да се наплаќа повеќе пари,

а безброј скандали постоеле каде што произведувачите сакале да го измамат системот.

А иако органското месо би било помилосрдно,

потребни се уште повеќе ресурси отколку при обични производства на месо.

Значи органското месо се претпочита,

но не донесува некое морално исцелување.

Всушност, ако страдањето беше средство,

би направиле милијарди тони од тоа годишно.

А како ги третираме животните најверојатно би било нешто

што идните поколенија силно би презирале.

Иако сè ова е вистина,

и друго нешто е исто така вистинито.

Кременадлата е неверојатна, бургерите се супер и пилешките крилца се ептен вкусни.

Месото ни задоволува некој исконски нагон.

Ние речиси никогаш не гледаме како се произведува нашето месо,

само го јадеме, и го обожаваме.

Нè радува и нè здружува на семејни ручеци и скари

Јадење месо не те прави лош човек, а нејадење не те прави добар човек.

Животот е сложен, исто како светот што сме го создале.

Значи,

да се справиме со фактот дека производството на месо е екстремно неодржливо

и да го исправиме ужасното страдање кое го предизвикуваме?

Сега за сега, најлесното решение е почесто да се воздржуваме од месо.

Еден ден без месо во неделата веќе прави голема разлика.

Ако сакаш да јадеш месо произведено со помалку страдање,

труди се да купиш од доверливи и транспарентни производители,

дури и ако е поскапо.

За да влијае сè тоа врз околината,

се препорачува да се купи пилешко или свинско отколку телешко или говедско,

поради тоа што тие поефикасно ја претвараат крмата во месо.

А ако купуваш кременадла, треба и да ја изедеш.

Просечниот американец фрла речиси половина килограм храна на ден,

каде што има еден куп месо.

Во иднина, науката можеби ќе ни обезбеди „чисто“ месо.

Разни стартапи успешно израснале месо во лаборатории

и се трудат да продолжат произведувајќи комерцијално.

Но ваквите решенија се сè уште неколку години во иднината.

За сега, уживај во кременадлата,

но истовремено почитувај ја.

И ако можеш, направи го во нешто специјално.

Имаме уште нешто за тебе што е исто така специјално

и е повкусно и од кременадлата.

Многу нè прашуваат како ги изработуваме нашите видеа.

РЕКЛАМА