Негативните ефекти од вакцините - Колку е голем ризикот? | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Вакцините се прославени поради нивниот удел во борењето против болести.

Но, се’ поголем број на луѓе

навидум веруваат дека тие го загрозуваат нашто здравје, наместо да го штитат.

Интернетот е полн со приказни поврзани со алергиски реакции,

пораст на инвалидитети,

па дури и смртни случаи проследени по вакцинирање.

И да, вистина е дека вакцините може да имаат негативни ефекти.

Ајде да погледнеме како тие функционираат и колку се навистина опасни.

Вашиот имунолошки систем претставува сложена армија сочинета од милијарди клетки.

Војници,

разознавачки клетки,

и фабрики кои креираат оружја

Секојдневно сме нападнати безброј пати,

но војниците на нашиот имунолошки систем обично сами се справуваат со инфекциите,

така што ние не ни приметуваме.

Но во случај доколку некоја инфекција стане сериозна,

нашите разознавачки клетки собираат информации за напаѓачите

и ги активираат нашите фабрики за оружје.

Оружјето ви е познато: антитела.

Тие се како насочени проектили, специфично создадени за да се борат против напаѓачот.

За жал, на овој процес му требаат неколку дена додека да се спроведе.

Тоа му дава доволно време на напаѓачот да предизвика штета.

Спротивно на народната поговорка:

тоа што не те убива, не те прави посилен.

Нашите тела навистина не сакаат да водат тешки битки одново и одново,

па затоа нашиот имунолошки систем открил генијален начин

како да станува се’ посилен и посилен со тек на времето.

Така, ако се бориме против непријател кој е доволно опасен за да не натера да употребиме силно оружје,

нашиот имунолошки систем автоматски ќе создаде мемориски клетки.

Мемориските клетки потоа, остануваат во нашите тела со години, во длабок сон.

Тие немаат друга функција освен што помнат.

Па така, кога истиот непријател ќе нападне по втор пат,

тие се будат од сонот

и наредуваат организирани контра напади и производство на антитела.

Ова се случува толку брзо и ефикасно,

што огромен број на инфекции кои претходно сме ги победиле веќе никогаш неможат да не разболат.

Дури можеме да станеме имуни кон нив засекогаш.

Ова е токму причината поради која малите деца се постојано болни.

Нивното тело сеуште нема оформено доволно мемориски клетки.

Овој прекрасен природен механизам е всушност темелот врз кој надоградуваме кога користиме вакцини.

Како функционираат вакцините?

Колку и да се корисни мемориските клетки,

нивното создавање во текот на присуството на инфекција е непријатно и често пати, опасно.

Вакцините се еден начин да го измамиме телото да создаде мемориски ќелии,

и да стекне имунитет на одредена болест.

Вакцините го залажуваат нашиот организам дека претставуваат опасни инфекции.

Еден начин да се постигне ова е со вбризгување на напаѓачи кои не можат да направат никаква штета.

На пример, тоа се постигнува со тоа што напаѓачите се или прво убиени, или распарчени на делови.

Нашиот имунолошки систем се справува со вакцините од овој тип прилично лесно.

Но понекогаш, потребно е да го натераме нашиот имунолошки систем да работи понапорно

со цел да произведе повисок број на мемориски клетки.

Е во овој случај живите вакцини се она што ни треба.

Во секој случај, непријателот кој може да возврати на удар е поголем предизвик од мртвиот непријател.

Но ова на некој начин исто така звучи како лоша идеја.

Што ако напаѓачите победат?

За да се избегне тоа, лабораториски се создава напаѓач што е на некој начин слаб роднина на опасниот напаѓач.

Едвај доволно силен за да го изнервира имунолошкиот систем и да создаде силни мемориски клетки.

Во ред, значи ова се основните принципи на користење на вакцините.

Тие предизвикуваат природна реакција во нашите тела

поради која стануваме имуни на многу опасни болести.

Некои вируси, како на пример оние кои го предизвикуваат грипот, мутираат толку често

што за да сме имуни на нив, ни треба вакцина секоја година.

Најголем дел од вакцините пак, не’ штитат со години, дури и доживотно.

Но,

Како и се друго во животот, и вакцините имаат друга страна:

Негативни ефекти.

Кои се тие и што се случува доколку вашето дете пројави некои од нив?

РИЗИЦИ ОД ВАКЦИНИТЕ

Комплицирано е директно да се споредат негативните ефекти пројавени од вакцините со тие пројавени од болестите.

На пример,

Стотици милиони луѓе биле вакцинирани против морбили на западот

но имало само околу 83,000 случаи на заболени во Европа во 2018 година.

Па, со бројки толку различни, дури и благи негативни ефекти можат да изгледаат страшно

во споредба со негативните ефекти од болеста која веќе не се среќаваме толку често.

Пред вакцината за морбили да стане достапна во 1963-тата година,

скоро секое едно дете во светот заболувало од морбили.

Во 1950-тите имало околу 135 милиони случаи на заболени

секоја година.

Но дали морбилите се навистина толку опасни во 2019тата година?

Со нашиот напреден здравствен систем и новите технологии,

дали навистина вреди да се вакцинираме земајки го предвид ризикот од нивните негативни ефекти?

Ајде да направиме еден експеримент, да размислиме потпирајки се на реални бројки.

Замислете си една развиена држава во паралелен свет.

Има добар здравствен систем, но луѓето престануваат да се вакцинираат.

Во ова сценарио, да речеме десет милиони деца заболуваат од морбили.

Што се случува следно?

девет милиони и осумстотини илјади, или 98% ќе добијат силна треска и многу непријатен осип.

Околу 800,000 од нив, или 8% ќе патат од опасна дијареа.

700,000 или 7% ќе заболат од ушна инфекција која може да доведе до трајно губење на слухот.

600,000 деца или 6% ќе заболат од пневмонија – најопасниот ефект на морбилите.

Само пневмонијата ќе убие 12,000 деца.

Околу 10,000 деца или 0.1% ќе добијат енцефалитис.

2500 деца, или 0.025% ќе заболат од SSPE,

заболување кое претставува задржување на вирусот морбили во мозокот

и ги убива неколку години подоцна.

Вкупно,

околу 2.5 милиони деца ќе патат од сериозни ефекти од морбилите.

А околу 20,000 деца ќе бидат убиени од морбилите.

Но ова не запира тука.

Децата кои ги преживуваат морбилите остануваат со многу оштетен имунолошки систем

на кој му треба доста време да се опорави.

Време за други заболувања да направат дополнителна штета.

На страна од тоа, она што може да се рече за сигурно

е фактот дека вашите деца ќе се чувствуваат многу лошо околу две недели.

Во ред, но што се случува кога станува збор за вакцините?

Фер е да се погледнат и нивните ризици исто така.

Ајде да го повториме експериментот со размислувањето.

Но овој пат, вакцинираме десет милиони деца со MMR.

Што ќе се случи овој пат?

Откако ќе бидат вакцинирани,

околу десет проценти од нашите 10 милиони деца ќе добијат треска.

500,000, или 5% ќе добијат благ осип.

Околу 100, или 0.001%

можеби ќе имаат сериозна алергиска реакција која ќе треба да се лекува.

До десет момчиња, или 0.0001%

можеби ќе добијат воспаление на гениталиите.

И околу 10 деца вкупно, или 0.0001%

можеби ќе го доживеат најлошиот негативен ефект: енцефалитис.

Значи, вакциниравме десет милиони деца.

Вкупно, околу 120 од нив имале негативни ефекти кои се донекаде сериозни.

Благодарение на добар медицински третман во развиените региони, скоро сите од нив ќе бидат во ред.

Што е со аутизмот?

Поврзаноста со аутизмот и вакцините потекнува од еден извор

кој бил побиен безброј пати.

Ќе обезбедиме линк до дополнително четиво и видеа во описот.

Но во 2019та, фер е да се каже дека вакцините не предизвикуваат аутизам.

Во ред, но што е со смртните случаи?

Навистина е тешко да се утврди дали дури и едно од 10 милиони вакцинирани деца би умреле.

Детално пребарувавме и разговаравме со многу различни експерти.

Ако ги игнорираме самостојните репортажи,

успеавме да најдеме само мал број на документирани случаи

поврзани со стотиците милини деца кои добиле MMR вакцини од 1971 година.

Морбилите се многу, многу илјадници пати поопасни за вашето дете

од дури и најлошиот негативен ефект што може да го предизвика вакцината.

Дури и доколку би се нафатиле со огромна лупа да бараме случаи од смртоносни негативни ефекти предизвикани од вакцина,

би ни било многу тешко да најдеме потврдени случаеви.

Додека пак, смртните случаи предизвикани од морбили се реални и многу лесни за пронаоѓање.

Само во 2017-тата година, околу 110,000 луѓе умреле од морбили на глобално ниво.

Статистички, денес 300 деца ќе умрат од морбили.

Едно од почетокот на ова видео.

Можете да ги споредите вакцините со појасите во автомобил.

Дали постојат бизарни, чудни несреќи каде што некој загинал поради тоа што го ставил неговиот појас?

Па, да.

Но дали вие лично мислите дека е побезбедно да не ставите појас на вашето дете?

Но само момент!

Што ако вашето дете е всушност алергично?

Што ако ниту една од работите кои ги споменавме не ја одразува вашата конкретна ситуација?

Во овој случај, би требало да станете најголем промотор на вакцините од сите други.

Затоа што доколку вашите деца не можат да бидат вакцинирани, само колективот може да ги заштити.

Тоа се вика колективен имунитет,

и е единствената работа која може да го заштити вашето невакцинирано дете.

Колективен имунитет значи дека ако доволно луѓе се имуни на одредена болест,

и истата не може да се прошири, таа ќе изумре пред да може да стигне до нејзината жртва.

Но за да се постигне ова, само за морбили,

95% од луѓето во околината треба да бидат вакцинирани.

ЗАКЛУЧОК

Проблемот со дебатата за вакцините е во тоа што таа не се води на еднакво ниво.

Додека поддржувачката страна дава аргументи со студии и статистики,

спротивната страна е вообичаено дива мешавина на интуиција, лични чувства,

анегдоти и дезинформации.

А чувствата обично се имуни на факти.

Нема да убедиме никого со тоа што ќе се дереме на нив.

Но не можеме да се скриеме од реалноста која анти-вакцерските заговори ја создаваат.

Убиваат бебиња кои се премногу млади за да се вакцинираат.

Убиваат здрави деца кои едноставно немаат среќа.

Враќаат во живот опасни болести кои биле на работ на истребување.

Додека пак, најголемата последица од вакцините се помалку умрени деца.

Вакцините се една од најмоќните алатки кои ги имаме

за да ги истребиме чудовиштата за кои најголем дел од нас веќе имаат заборавено.

Ајде да не ги враќаме ѕверовите назад во живот!