Прегледани 3 аргументи зошто марихуаната треба да остане нелегална | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Во целиот свет марихуаната се декриминализира или станува легална,

но дали е ова добра идеја?

Во онлајн дебата, штетните сајтови се често потценувани,

така да, ајде да погледнеме во трите најзастапени аргументи против легализација на марихуаната.

Аргумент #1: Канабисот е силна дрога

Во последните неколку децении,

марихуаната е инженирана да стане монгу повеќе потентна.

Денеска марихуаната е многу потентна,

што е всушност силна дрога што можеби придизвикува психоза

Главната активна состојка на марихуаната е ТХК (или Тетрахидроканабинол)

и постојат силни докази дека ТХК е поврзано со психоза,

без оглед од други ризични фактори.

Марихуаната исто така содржи супстанца наречена КБД(или Канабидиол)

што се чини дека го сопира овој ефект.

Дури се тестира како третман против психоза и анксиозност.

Но поради тоа што не те прави дрогиран,

одгледувачите постепено ја намалуваат концентрацијата на КБД во марихуанта

во последните неколку децении,

додека го зголемуваат ТХК нивото.

Тестирањето покажува дека ТХК нивото

се зголемило од 4% во 1990-те

за речеси 14% во 2014 година,

менувајќи го соодносот на ТХК со КБД,

од 1 спрема 14 во 1995 година,

до одприлика 1 спрема 80 во 2014 година.

Сепак, не е јасно колку прецизни биле овие тестови.

Генерално, неодамнешните откритија сугерираат дека колку повеќе марихуана консумирате

и колку посилна е,

поголемиот ризик за појава на психоза.

Но колку висок е ризикот на психоза во генералната популација?

Студија од Велика Британија

покажала, иако марихуаната значајно се покачила меѓу 1996 и 2005 година,

бројот на случаи на шизофренија(тип на психоза) не се променил(„останал стабилен“)

Ризикот на психоза индуцирана од марихуана,

останува највисока кај луѓето кои веќе имале

висок ризик на психоза.

За нив, изгледа многу поверојатно дека марихуаната

го забрзува развојот на нивната кондиција,

отколку да го предизвикува, колку што знаме сега.

Значи размислувањето оди:

Ако помалку луѓе имаат пристап до марихуана,

помал на ризикот од психоза индуцирана од марихуаната.

Но, всушност може да се каже дека токму бидејќи марихуаната е нелегална

повеѓе луѓе ќе завршат со психоза.

Забраната на дрога ја прави посилна и потентна,

затоа што на овој начин, можете да испраќате повеќе производ во помал простор

и го продадете за поголем профит.

Ова е она што се случи во текот на прохибицијата во САД,

каде што тешкиот ликер стана нормата

и истото се случува со марихуаната сега

Замислете свет во кој е ликерот единствениот достапен алкохол,

го имате изборот да не пиете воопшто

или да бидете многу пијани отколку што би сакале.

Ова е ситуација за многу пушачи на марихуана денес.

Луѓето не престанаа да пијат за време на прохибицијата

и броевите покажуваат дека законите не ги обесхрабруваат луѓето да користат марихуана.

Ние не можеме да направиме марихуаната да исчезне,

но можеме да ја направиме побезбедна:

Ако марихуаната е легална, ќе има повеќе опции за потрошувачите

и регулаторите можат, на пример, да инсистираат на високо ниво на КБД.

Исто како и повеќето луѓе не пијат шише со вотка после работа,

многу луѓе со задоволство ќе го консумираат пиво верзијата на марихуана после работа.

Аргумент #2:

Марихуанта е гејтвеј дрога (нема превод бидејќи е насловена како теорија од медицината);

ако е легализирана,

ќе има скок во користењето на многу поопасни лекови.

Студијата од 2015 година откри дека околу 45% на доживотни корисници на марихуана,

земале некои други нелегални дроги во одреден момент.

Легализацијата на марихуаната може да го зајакне овој тренд,

каде што повеќе млади луѓе користат легализирана марихуана,

тие би можеле да завршат со користње на потешки дроги.

Но, излегува

дека вистинскиот гејтвеј за употреба на дрогата доаѓа многу порано:

Цигари.

Една студија покажа дека тинејџерите кои почнале да пушат пред 15 години,

имаа 80% поголеми шанси да користат нелегални дроги од оние кои не користиле,

и студијата од 2007 година покажа дека тинејџерите помеѓу 12 и 17 години кои пушеле,

имале трипати поголеми шанси да се напијат;

седум пати поголеми шанси да користат дроги како хероин или кокаин;

и беа исто така седум пати повеќе да се впуштат во марихуана.

Но, ако тоа е случајот,

како можат правејќи ги дрогите да станат легални,

да ја прекинат употребата на тешки дроги?

Најпрво, важно е да се признае дека луѓето не користат дроги

бидејќи тие се легални или не.

Ако сакате да купите било каква дрога,

секогаш ќе најдете некој среќен да ви продаде.

Вистинското прашање е:

Зошто луѓето развиваат нездрава врска со дроги воопшто?

Истражувањата покажуваат дека одредени услови

ги прават луѓето особено ранливи на дрога и зависност:

Лошо детство;

траума;

низок социјален статус;

депресија;

дури и генетски фактори.

На која дрога станат зависници,

е почесто отколку не, прашање на среќа.

Зависниците земаат дрога за да ги избегнат своите проблеми,

но дрогите не ги решаваат ниту еден од тие проблеми

и наместо тоа станува нов проблем.

Но казнување на луѓето за нивните нездрави механизми за справување,

не менува ништо за основните причини.

Значи, некои тврдат дека треба да земеме сосема поинаква рута.

Во 2001 година,

Португалија беше една од најлошите проблеми со дрога во Европа.

Така што таа беше очајна да проба нешто радикално:

Поседување и употреба на сите легални дроги беа декриминализирани,

Вие повеќе нема да бидете уапсени,

Наместо тоа, властите започнаа голема здравствена кампања.

Луѓето кои беа пронајдени со мала количина,

беа наведени кон “услуги за поддршка”,

и добија помош во третманот и намалување на штетата.

Употребата на дрога се сметаше за хронична болест;

не кривично дело.

Резултатите беа неверојатни,

бројот на луѓе кои се дрогирале и продолжиле да ги користат,

падна од 44% на 28% до 2012 година.

Употребата на тешка дрога се намали,

како и инфекции со ХИВ и хепатитис и предозирање,

Правејќи ги дрогите легални,

во целост може да му помогне на општеството

многу повеќе отколку да му наштети.

Аргумент #3:

Марихуаната е зависна и нездрава.

Треба да остане нелегална да ја задржи штетата на минимум.

Додека зависноста од марихуана е повеќе психолошка отколку физичка,

сеуште е вистински проблем.

Побарувачката за лекување на зависност од марихуана,

двојно повеќе се зголемила во изминатата деценија само.

Вкупно, околу 10% од луѓето кои пробале марихуана ќе станат зависнци,

ова е исто така поврзано со повисоките нивоа на ТХК.

Една студија објавена во 2017 година,

ја следеше јачината на марихуаната и холандски кафулиња

во период од 16 години.

За секое зголемување од 1% во THК,

60 луѓе се пријавувале за третман на национално ниво.

Во смисла на негативни здравствени ефекти,

некои студии ја поврзаа марихуаната

да допринесеува за зголемување на крвниот притисок и проблеми во белите дробови,

додека студија од 2016 година,

откриле дека употребата на марихуана била неповрзана со физичките здравствени проблеми,

освен за поголем ризик од заболување на непцата.

Некои студии покажале дека употребата на марихуана го менува мозокот на тинејџер

и ја намалува нивната интелигенција,

но кога се направија неодамнешни студии, земајќи ги во предвид пиење и пушење,

резултатите беа неубедливи.

Генерално, истражувањата покажуваат дека земањето било какви дроги

додека мозокот е се уште во развој е лош за вас.

Но, вистината е, сè уште не знаеме колку е нездрава марихуана,

ние треба повеќе средства за истражување,

што е тешко да се добие додека марихуаната останува незаконска.

Сепак, можеме да го ставиме она што го знаеме во перспектива,

16% од луѓето кои консумираат алкохол стануваат алкохоличари

и 32% од луѓето кои пробуваат цигари стануваат пушачи.

Ние знаеме сигурно дека алкохолот влијае на вашиот мозок,

го уништува црниот дроб и предизвикува рак,

додека тутунот ги затнува вашите артерии,

ги уништува белите дробови и исто така предизвикува рак.

3,3 милиони луѓе умираат од зависност на алкохол секоја година,

додека пушењето убива повеќе од 6 милиони луѓе.

Никој не сугерира дека тутунот и алкохолот се безопасни само затоа што се легални.

Исто така, никој сериозно не предлага да ги забрани,

иако се исклучително опасни.

Законитоста е начин да се изврши некоја контрола над нив,

особено кога станува збор за заштита на младите луѓе.

Често е многу потешко да се купат легални дроги за тинејџери,

отколку да купат нелегални.

Официјалните продавачи можат да добијат големи казни

и изгубат својата лиценца ако продаваат на малолетни деца.

Законитоста создава стимулации овде,

што дилерите на дрога не можат да ги искористат.

Така правењето марихуана легална не значи дека го поджуваш,

тоа значи, преземање одговорност за ризиците што ги претставува

Исто така може да ги отвори и вратите на тон нови истражувања,

што ни покажува колку е навистина штетнa и на кого.

Заклучок:

Марихуаната е дрога,

и како и секоја друга дрога,

има негативни последици

за значителен дел од луѓето кои ја користат.

Таа не е безопасна.

Најдобар начин да се заштити општеството од нејзините негативни последици,

се чини дека е легализација и регулација.