Како да направиш Kurzgesagt видео во 12000 часа | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Со години, луѓето нѐ прашуваат како ги правиме нашите видеа.

Па, ајде конечно да зборуваме за тоа.

Како да направиш Kurzgesagt видео во 1,200 часа или повеќе

(интро)

Најпрво, ни треба тема.

Нашата листа со потенцијални теми е веќе бескрајна и секогаш кога истражуваме некои работи, расте уште подолга.

Па, ние работиме на било што за кое сметаме дека е возбудливо во моментот. Ова може да биде нешто сериозно,

фасцинантно, лично или нешто глупаво. Изборот е дел од забавата.

Ние сакаме да објасниме комплицирани работи на лесно сфатлив начин и да ги направиме научните теми фасцинантни и убави.

Но исто така сакаме да кажуваме приказни и да искажуваме како се чувствуваме за универзумот од време на време.

Копање на темелот: Сценарио

Нашето истражување започнува со читање на книги или научни трудови и разговори со различни експерти кои нѐ посочуваат кон правилните насоки.

Сакаме да имаме поглед на светот што е базиран на факти и нашите видеа да бидат израз на тоа.

Затоа често треба да го смениме нашето мислење за некој проблем додека сѐ уште работиме на него.

Најчесто после неколку недели истражување, почнуваме да пишуваме.

Сценариото започнува со груба првична нацрт-верзија што подоцна е препишана и изменета неколку пати.

За да се осигураме дека не прикажуваме нешто погрешно, ние ги прашуваме експертите да нѐ проверат и исправат.

Пишувањето е најбавниот дел за нашите видеа и многу е тешко да се забрза.

Најчесто, завршувањето на сценариото може да трае од неколку недели до буквално години.

Да визуализираме: Илустрација

Кога скриптата е готова, започнуваме со цртање на нашето видео.

Се обидуваме да смислиме визуелни метафори, транзиции помеѓу идеите и да одлучиме на кои сцени им треба најмногу внимание.

Во просек, 200 панели треба да бидат илустрирани во Adobe Illustrator.

Иако имаме вградено библиотеки за илустрација, ние пак ги правиме повеќето илустрации од почеток за да му дадеме на нашето видео поуникатен изглед.

Главната идеја е да се најдат соодветни слики за зборовите во сценариото да се објаснат колку што е можно поедноставно,

но да има и интересни работи за гледање.

Исто така, овде ние ги вклучуваме сите визуелни “велигденски јајца”.

Вкупно, два до три илустратори трошат од 8 до 12 недели за илустрирање на видеото.

Сега е мој ред: Раскажување

Кога целосното видео е илустрирано, раскажувањето се снима во мало студио на Neumann TLM 103 микрофон и Pro Tools.

Важно е да се одржува текот на говорот,

па се обидувам да завршам една верзија и тогаш се враќам назад, поново читајќи параграфи и реченици

сѐ додека тие не звучат добро и целосната верзија е готова.

Оживување: Анимација

Сега сцените и звукот треба да бидат анимирани

Ги движиме нештата во Adobe After Effects и неодамна почнавме да експериментираме со Cinema 4D.

Првата работа што треба да се направи е да се земат илустрираните сцени настрана и да се организираат.

Стотиците или илјадниците делови се потоа импортирани во After Effects.

Секој карактер е слободен, па можеме да ги движиме послободно.

Настрана од неколкуте plugin-и што ни помагаат да заштедиме време, секое нешто што се движи на екранот е придвижено рачно.

Па, два до три аниматори анимираат сцена по сцена за околу осум до десет недели, севкупно.

Да завршиме со песна: Музика и дизајн на звук

Последен чекор е музиката.

Секоја песна е оригинална музика композирана на веќе завршеното видео за да се направи уникатна атмосфера и да се потенцираат важните делови.

Можеш да ги слушаш сите песни на SoundCloud и Spotify.

Шлагот на тортата се звучните ефекти.

Многу од вас можеби нема ни да ги приметат, што е штета бидејќи тие навистина додаваат дополнителен слој.

Па, пробај да гледаш видео со слушалки ако сакаш да ја почувствуваш длабочината.

Сите од овие чекори се случуваат паралелно бидејќи обично работиме на две до четири видеа во исто време во различни фази.

Што немаме спомнато се безбројните ревизии и измени.

На секои неколку дена, седнуваме заедно и ја прегледуваме нашата работа и ја досредуваме се додека не се почувствува дека е добра.

И тоа е - најмалку 1,200 часа за едно Kurzgesagt видео.

Како што можеш да замислиш, правење на видеа за илјадници часови како голем тим

за да ги ставиме на интернет бесплатно е чуден бизнис модел.

Преку годините, се потпиравме на многу работи за да останеме на “површина”.

Комерцијална работа за Невладини организации, стартапи или корпорации.

Спонзорства и грантови од компании или организации.

Добивме договор со Funk од Германското јавно емитување за да го оживееме Германскиот канал и со Wix за да започнеме Шпански канал.

Но реалноста е, можеме да го правиме ова само заради вас.

Нашите два најбитни извори на добивка доаѓаат од ваша директна поддршка.

Фан-шоп и Patreon.

Па, ако сакаш да ни помогнеш да останеме на површината и да продолжиме со правење на повеќе видеа

Можеш директно да го поддржиш Kurzgesagt со купување на нешто убаво од нашата продавница или со станување наш патрон и придружување на армијата на птиците!

Не се чувствувај како да мораш. Гледањето и споделувањето на нашите видеа ни помага многу.

Но ако сакаш да нѐ поддржиш директно, ти благодариме многу. Ти ги правиш нашите видеа бесплатни за сите.

Ти ни дозволуваш да вежбаме и напредуваме, да останеме независни и да работиме на амбициозни проекти

кои би биле многу страшни или премногу големи инаку.

Kurzgesagt не започна со крајна цел.

Започна како личен проект бидејќи ни беше убаво да правиме нешто со време и љубов, и тоа сѐ уште е така денес.

Правење на овие видеа е наша цел. Правењето на оваа работа секој ден и станувањето подобар.

Да ја направиме науката убава и интересна.

Ви благодариме многу што сте со нас веќе седум години и од нашиот прв претплатник па се до десет-милионитиот.

Ова патување беше многу диво и многу забавно, и едвај чекаме да ги споделиме работите

на кои што работиме сега, за година или можеби две.

Сакаме да правиме мета видеа како ова од време на време.

Ако сакаш да нѐ прашаш прашање и да добиеш одговор од нас, можеш на Reddit. Линкот е во описот.

(музика)