Може ли вашиот телефон да ви наштети? Електромагнетно загадување. | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Електричната струја е постојано околу нас.

Таа ни ги прави животире полесни, побезбедни и позабавни,

а повеќето од нас воопшто не ни размислуваат за неа.

Но, дали може да постои „премногу“ електрична струја?

Можно ли е тоа на кое се темели современиот свет

да поелка нè убива?

Пред да нурнеме подлабоко,

ајде да се обидеме да разбереме што е електрична струја

и како таа влијае врз нас.

Електрична струја е насочено движење на електричен полнеж.

Ова движење создава електрично и магнетно поле

кои се шири низ просторот и носи енергија.

Овој феномен се нарекува електромагнетно зрачење.

„Зрачење“ е збор кој многу ги вознемирува луѓето.

Но, зрачење само значи, „оддавање“.

Како кога радијаторот во вашата куќа оддава топлина

во форма на инфрацрвено зрачење.

Различни делови на електромагнетниот спектар

одговараат на различни видови на зрачење.

И многу од нив се сосема безопасни.

Но некои од нив можат да бидат опасни.

Зрачење со многу кратки бранови должини

како УВ светлина, рендгенски зраци и гама зраци

се доволно силни за да исфрлат електрони од нивните атоми,

што може да предизвика изгореници и генетско оштетување.

Ова е она на кое луѓе мислат кога ќе го слушнат терминот „зрачење“.

Остатокот од спектарот опфаќа голем опсег на подолги бранови

од видлива светлина, инфрацрвена светлина,

микробранови до радио бранови.

Ова се видовите на зрачење што ги испушта најразлична човекова технологија.

Мобилни телефони, Wi-Fi рутери,

електрични водови и уреди за домаќинство.

Ова зрачење не ги менува молекулите во нашето тело.

Сепак, некои видови на зрачење можат да ги стимулираат мускулите и нервите

и може да предизвикаат вибрации на влакната на вашето тело,

што понекогаш може да предизвика скокотливо чувство над одредени гранични вредности.

Други видови се корисни за приготвување на вечера.

Микробрановите ги раздвижуваат молекулите на водата во вашата храна

што ја загрева.

Ова нам ни се случува постојано.

На пример, пријатната топлина што ја чувствувате на плажа

е всушност загревањето на вашата кожа поради изложеност на

електромагнетно инфрацрвено зрачење од сонцето.

Опкружени сме со природни и генерално безопасни

извори на електромагнетно зрачење цело време

и отсекогаш сме биле.

Но, од индустриската револуција,

имаме додадено многу дополнително зрашење во нашата непосредна околина.

Прашањето дали ова е всушност опасно

прв пат го привлече вниманието на јавноста кога една студија во 1979 година

ја поврза леукемијата со живеење близу далноводи.

Но, оваа конкретна студија беше наскоро дискредитирана.

Поврзаноста не можеше да се објасни

и не беше потврдена директна каузална врска.

Но, откако ова беше предложено, идејата опстои.

И илјадниците студии за потенцијални опасности

илустрираат дека сè уште се гледа како на многу реална закана.

Многу луѓе тврдат дека се чувствителни на зрачењето

кое доаѓа од нашите уреди и мобилни телефони.

Тие забележуваат симптоми како главоболки,

гадење, реакции на кожата,

воспалени очи или исцрпеност.

Но, тоа се само ефекти пријавени на дневна база.

Неколку студии пронајдоа многу повеќе вознемирувачки резултати.

Како, можни врски помеѓу страната на мозокот,

кои луѓето ги користат кога се на нивните телефони,

и појава на тумори на мозокот.

Прашањето на кое науката се обидува да одговори,

не е толку многу за акутните ефекти на зрачењето.

Знаеме, на пример,

дека рендгенските зраци предизвикуваат непосредно оштетување на ДНК во вашите клетки

но истото не се случува со радио брановите.

Всушност, прашањето е:

Дали слабото електромагнетно зрачење со кое сме постојано опкружени

е долгорочно штетно како резултат на некаков сè уште непознат механизам?

Одговарањето на ова прашање беше многу потешко отколку што првично се мислеше.

Постојат илјадници примарни извори,

извештаи и изјави од огромен број на различни организации.

Па, читавме многу за ова видео.

Нашето истражување можете да го погледнете во описот на видеото.

Она што го најдовме е дека оваа дебата е добар пример

за тоа како треба да се комуницира науката, а како не треба.

Многу од често цитираните студии што шират паника за електромагнетно зрачење

се мошне контроверзни.

На пример,

серија студии на населението засновани врз анкети и само-известување.

Ова подразбира, на пример,

прашување на пациенти со мозочен тумор колку мислат дека го користеле својот телефон во последните неколку години.

Проблемот е во тоа што луѓето не се веродостојни.

Имаме тенденција погрешно да помниме нешта и лесно сме подложни на влијанија.

Згора на сè,

студии или извештаи за медиуми може да ги одбираат само наодите што најмногу им одговараат на нивното мислење

или кои би имале највозбудлив наслов.

На пример,

студија која барала рак предизвикан од зрачење на мобилни телефони кај стаорци и глувци.

Резултатите навидум покажуваат поврзаност.

Но, поради некоја причина, само кај машки стаорци.

И, немало поврзаност кај глувци.

Но, оваа студија беше изложена како да докажува

дека зрачење од мобилен телефон предизвикува рак.

За жал, ова е случајот со студии и со позитивни и со негативни наоди за ова прашање.

Друг аспект е тоа што СЗО официјално ги класифицираше радиофреквентните полињата

како потенцијално канцерогени.

Но, ова всушност значи

дека постојат навестувања дека тие можат да предизвикаат рак,

но не може да се докаже, што не значи дека не треба да се продолжи со истражување.

Значи, ако малку се одалечиме, која е големата слика?

Во целина,

немаше конзистентен доказ во студиите со луѓе

дека електромагнетно зрачење послабо од досега дозволените вредности на изложеност предизвикува здравствени проблеми.

Постојат неколку статистички поврзаности,

но тие се претежно слаби и неконзистентни.

Доколку имало одредени конкретни причинско-последични односи

би се знаело до сега поради сите достпани податоци.

Значи, гледано од сегашната состојба на науката,

дали треба да се грижите за зрачењето од вашиот лаптоп, или мобилен телефон или телевизор?

Одговорот е не.

Не треба.

Но, што е со луѓето што велат дека им штети?

Истражувањата покажуваат дека можеби доживуваат “Ноцебо Ефектот”.

Ако имате главоболка и започнете да се чувствувате подобро во моментот кога го исклучувате лаптопот,

можеби ќе видите врска помеѓу тие две работи.

Откако ќе го добиете ова сомнение, самата идејата дека слабо зрачење може да ви наштети

би можело да биде токму она што ви штети.

Лесно е да се омаловажат овие луѓе;

повеќето од нив сметаат дека не се сфаќаат сериозно,

што ја прави ситуацијата уште полоша за нив.

Тие треба да добијат поддршка.

Но, важно е да се биде свесен дека досега

немаме цврст доказ дека електричната струја под безбедносните граници имаат каков било негативен ефект врз луѓето.

Во економијата на внимание во која живееме,

зборувањето за недокажани опасности може да нè натера да ги занемариме работите што со сигурност знаеме дека се лоши за нас.

Само еден пример:

Загадувањето на надворешниот воздух е поврзано со 4,2 милиони предвремени смртни случаи секоја година,

и дефинитивно е нешто на кое денес би можеле да имаме реално влијание.

Сепак, за луѓето да се чувствуваат безбедно и за секој случај,

веќе се во тек неколку долгорочни студии.

На пример, студијата „Космос“ што ќе ги разгледа можните здравствени влијанија од употребата на мобилни телефони

со точно мерење на зачестеноста и времетраењето на телефонските повици.

Но, додека ги чекаме заклучоците од овие долгорочни студии,

има многу поитни проблеми на кои треба да се фокусираме.