Почетокот на сè - Големиот Прашалник | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Почетокот на се

Големиот прасок

Идејата дека универзумот е одеднаш роден и не е бесконечен

Се` до средината на 20ти век, најголемиот број од научниците мислеле дека универзумот

е бесконечен и вечен

Се` додека Ајнштајновата теорија на релативност не ни овозможи подобро разбирање на гравитацијата

и Едвин Хабл не откри дека галаксиите се одалечуваат една од друга

на начин кој се согласува со претходните предвидувања

Во 1964, случајно, космичкото позадинско зрачење беше откриено

остаток од раниот универзум

што заедно со други набљудувачки докази, ја воведе теоријата за Големиот прасок

како прифатена теорија во науката

Од тогаш, подобрени технологии како вселенскиот телескоп Хабл

Ни дадоа мошна добра слика за Големиот прасок и стуктурата на космосот

Набљудувања правени неодамна предлагаат дека ширењето на универзумот

се забрзува

Но како овој Голем прасок работи?

Како е можно нешто да дојде од ништо

Ајде да го истражуваме она што го знаеме

Можеме да го игнорираме почетниот дел за сега

Најпрво, Големиот прасок не бил експлозија

Тоа бил целиот простор што се ширел насекаде наеднаш

Универзумот почнал многу, многу, многу мал

и набрзина се раширил до големина на фудбал топка

Универзумот не се ширел во нешто, туку просторот се ширел во самиот себе

Универзумот не може да се шири во нешто затоа што универзумот нема граници;

по дефиниција, не постои „надвор од“ универзумот.

Универзумот е сето она што е.

Во оваа жешка, густа средина, енергијата се манифестирала

во честички кои постоеле само во најмали временски интервали

Од глуони, парови на кваркови биле создадени, кои се уништиле една со друга

можеби откако оддале уште глуони.

Oвие нашле други кваркови со краток животен век за да заемодејствуваат,

формирајќи нови парови на кваркови и глуони

Материјата и енергијата не биле само теориски еквивалентни,

било толку жешко така што биле практично истата работа.

Некаде околу ова време, материјата се издвоила над антиматеријата

Денес, останати сме само со материја и речиси без воопшто антиматерија.

Некако, милијарда и една честички на материја се формирале

за секои милијарда честички на антиматерија.

Наместо една масивна врвна сила во универзумот,

сега постојат неколку рефинирани верзии на неа кои дејствуваат според различни правила.

До сега, универзумот се има раширено до милијарда километри во дијаметар,

што доведува до намалување во температурата.

Циклусот на кваркови кои се раѓаат и се претвараат назад во енергија

наеднаш сопира.

Од сега па натаму, ќе работиме со она што го имаме.

Кварковите почнуваат да формираат нови честички, хадрони, како што се протоните и неутроните

Постојат многу, многу комбинации на кваркови кои можаат да формираат секакви видови на хадрони,

но само многу малку се доволно стабилни за некое време

Ве молиме одвојте момент за да се восхитувате на фактот дека до сега, има поминато само една секунда

од почетокот на универзумот

Универзумот, којшто пораснал до стотици милијарди километри,

сега е доволно ладен да дозволи повеќето од неутрони да се распаднат во протони

и да го формираат првиот атом, водород.

Замислете го универзумот во овој момент како екстремно жешка супа,

десет милијарди степени Целзиусови, исполнет со безброј честички и енергија.

За време на следните неколку минути, работите се изладиле и се смириле многу брзо.

Атомите формирани од хадрони и електрони,

создавале стабилна и електрично неутрална средина.

Некои овој период го нарекуваат Мрачно доба, бидејќи немало ѕвезди

и водородниот гас не дозволувал видливата светлина да се движи наоколу.

Но што е значењето на видлива светлина кога се` уште нема ништо живо

што може да има очи?

Кога водородниот гас се згрутчил после милиони години

и гравитацијата го ставила под голем притисок, ѕвезди и галаксии почнале да се раѓаат.

Нивното зрачење го растворил стабилниот водороден гас во плазма

којашто се` уште се шири низ универзумот и дозволува видлива светлина да помине

Конечно, настанала светлината!

Океј, но што околу делот за кој не зборувавме?

Што се случило на самиот почеток?

Овој дел може да се дефинира како Големиот прасок.

Ние не знаеме ништо за тоа што се случило овде

Во оваа точка, нашите алатки престануваат да работат.

Природните закони престануваат да прават смисла, времето станува нејасно.

За да разбереме што се случуло овде, потребна ни е теорија која ги унифицира

Ајнштајновиот релативитет и квантната механика, нешто на коешто безброј

научници работат во овој момент.

Но ова не остава со многу неодговорени прашања.

Дали постоеле универзуми пред нашиот?

Дали е овој првиот и единствен универзум?

Што го започнало Големиот прасок, или можеби се се случил природно,

засновано на закони кои што ние се` уште не ги разбираме?

Ние не знаеме, и можеби никогаш нема да дознаеме.

Но она што го знаеме е дека универзумот каков што го знаеме, започнал овде

и родил честички, галаксии, ѕвезди, Земјата, и тебе.

Бидејќи ние сме создадени од мртви ѕвезди, ние не сме посебни

од универзумот; ние сме дел од него.

Дури може да се нарече дека ние сме начинот на кој универзумот се доживува самиот себе.

Па, ајде да продолжиме да го доживуваме, се додека не ги одговориме сите прашања.

Превод: Марко Ш.