Банкарството објаснето - пари и кредит. | Kurzgesagt

🎁Amazon Prime 📖Kindle Unlimited 🎧Audible Plus 🎵Amazon Music Unlimited 🌿iHerb 💰Binance

Видео

Транскрипт

Интернационалниот банкарски ситем е енигма.

Постојат над 30 000 различни банки низ светот

и располагаат со неверојатена количина на средства.

Врвните 10 банки заедно имаат околу 25 трилиони U.S. долари.

Денес, банките делуваат многу комплексни,

но оригинално, идејата беше да го направат животот поедноставен.

Италија во 11 век беше центар за тргување во Европа.

Трговци од целиот континент се собираа за размена на стока.

Но имаше еден проблем:

премногу валути во оптек.

Во Писа, трговците мораа да се справат со седум различни типови валута

и мораа да ги менуваат своите пари константно.

Ваквата размена, кои што најчесто се одвивала надвор на клупи,

е од каде потекнува зборот банка.

Од “banco”, италијанскиот збор за клупа.

Опасностите на патување, фалсификувани пари и тешкотијата за добивање на кредит

натера луѓе да размислуваат.

Дојде време за нов бизнис модел.

Брокери започнаа да даваат кредит на бизнисмени,

додека трговци од Џенева развија безготовински плаќања.

Мрежа на банки се рашири низ цела Европа и раздаваа кредити,

дури и на црквите и европските кралеви.

А денес?

Накратко, банките се во бизнисот на менаџирање ризици.

Ова е поедноставена верзија од начинот како работи.

Луѓето ги чуваат своите пари во банки и и добиваат мал износ на камата.

Банките ги земаат овие пари ги позајмуваат со многу поголеми камати.

Ова е калкулиран ризик, бидејќи на некои од позајмувачите ќе им пропадне кредитот.

Овој процес е неопходен за нашиот економски систем

бидејќи овозможува резурси за луѓе да купат нешта како што се куќи,

или за индустрија која ќе им го подобри и развие бизнисот.

Така банките земаат средства кои не се користат од штедачите

и ги претвараат во стредства кои можат да бидат од некаква корист за општеството.

Други извори на приход за банките вклучуваат

примање штедни депозити, бизнисот со кредитни картички, продажбата и куповината валути,

бизнисот на одржување и управување на парични услуги.

Главниот проблем цо банките денес е

тоа што голем дел од нив ја напуштиле нивната традиционална улога како

даватели на долгорочни финансиски производи во корист на краткорочни добивки

кои носат многу поголеми ризици.

За време на финансискиот бум, најголемиот дел на банки усвоиле финансиски

конструкти кои беа едвај разбирливи и

направија свои тргувања во обид брзо да направат пари

и да заработат за своите директори и тргувачи милиони во бонуси.

Ова беше ништо друго, туку коцкање

и ја оштети целата економија и општеството.

Како и во 2008,

кога банките како Лехман браќата давале кредит скоро на секого што

сакаше да купи куќа,

и со тоа банката беше ставена во екстремно опасна и ризична позиција.

Ова доведе до колапс на пазарот на недвижности во САД и во делови на Европа,

предизвикувајќи цените на акциите да опаднат,

кое на крајот доведе до глобална банкарска криза

и една од најголемите финансиски кризи во историјата.

Илјадници билиони долари едноставно испариле.

Милиони луѓе ја изгубија нивната работа и многу пари.

Повеќето од светските најголеми банки мораа да платат повеќе милијарди долари во парични казни

и банкарите постанаа едни од најмалку доверливите професионалци.

Владата на САД и Европската Унија мораа заедно да состават големи

пакети финансиска помош за купување на лошите средства и да ги спречат банките од банкрот.

Нови прописи беа ставени во акција за регулирање на банкарскиот бизнис

Задолжителни средства за итни случаи беа спроведени за банките

за да ги апсорбира шоковите во случај на уште една финансиска криза.

Но, други парчиња на новото строго законодавство беа успешно блокирани од страна на банкарскиот лоби.

Денеска, други модели за обезбедување на финансии стануваат популарни

како што се нови инвестициски банки, кои наплатуваат годишен данок и не добиваат процент на продажби,

давајќи мотивација да се постапува во најдобриот интерес за нивните клиенти.

Или кредитни здруженија: кооперативни иницијативи кои беа основани во 19 век

за да се избегнат кредитни ајкули.

Накратко, тие даваат исти финанциски услуги како банки,

но фокусот е на заеднички вредности, наместо максимизирање профити.

Самопрогласената цел е да им помогнат на членовите да направат можности како што се започнување мали бизниси,

проширување фарми, или градење фамилијарни домови додека инвестираат назад во зaeдниците.

Раководени се од членовите, кои исто така демократски избираат одбор на директори.

Низ целиот свет, значително се разликуваат системите на кредитната задруга,

движејќи се од неколку члена

до организации вредни неколку милијарда долари

и стотина илјадници членови.

Фокусот на придобивки за нивните членови

влијае врз кредитниот ризик здруженијата се подготвени да земат.

Ова го објаснува зошто кредитните здруженија, иако трпат штета,

ги преживеале последните неколку финанциски кризи подобро од традиционалните банки.

Да не ја заборавиме експолизијата на crowdfunding низ минатите години.

Овозможувањето на правење одлични игри на страна,

платформи се појавија овозможувајќи луѓето да добијат кредит од големите групи на мали инвеститори

заобиколувајќи ја банката во средината.

Но ова исто така работи и во индустријата.

Многу нови технолошки компании започнаа на Kickstarter или Indiegogo

Индивидуалните финансиери го добиваат задоволството да бидат дел од нешто поголемо,

и можат да инвестираат во идеи на кои им веруват.

Додека ширејќи го ризикот толку широко

што ако проектот е неуспешен, штетата е лимитирана.

И на крај: микро кредити.

Многумина многу мали кредити,

главно издавани во неразвиени држави за да помогнат луѓето да ја избегнат сиромаштијата

луѓе кои претходно не беа способни за пристап до

парите потребни за започнување бизнис

бидејќи не беа сметани како вредни за нивното време.

Денеска, одобрувањето микро кредити еволуирало во бизнис вреден мулти-милијарда долари

Така, иако банкарството можеби не е за вас,

но има улога во обезбедувањето средства за луѓе и бизниси

и е важно за нашето општество и мора да се прави.

Кој ќе го прави и како ќе биде направено во иднината,

е на нас да одлучиме,

Превод: Марко Стојановиќ